Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Возило излета од патот Охрид-Битола кај Опеница, повредени две лица

Охрид, 22. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви јули 2023 година, во 08:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Битола, кај селото Опеница, 57-годишниот Љ.Н. од Свети Николе, управувајќи патничко возило марка „Ауди“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 56-годишната В.Н. од Свети Николе, а со телесни повреди се здобил возачот Љ.Н., констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука