Забава Избор

Се’ е подготвено за јубилејното, 30-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“

Охрид, 28. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Течат подготовките за јубилејното 30-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид- фест-Охридски трубадури“.

На 1 и 2 септември, на Долни Сарај во Охрид ќе се одржат Фолк и Интернационалната вечер, а организаторот најавува многу квалитетна музика со етаблирани изведувачи.

Годинава фолк-вечерта ќе мине во знак на македонската фолк елита со Наум Петрески, Зуица Лазова, Петар Нечовски и Нино Величковски, а на интернационалната ќе уживаме со Гоца Тржан и Принц, Алка Вуица, Срѓан Марјановиќ, Дарко Капо и Зорица Андријашевиќ.

Супер радио долги години е поддржувач на овој реномиран фестивал и остануваме и понатаму партнери во зачувувањето и промовирањето на убавата музика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука