Забава Избор

Лето 2023 во клуб Rebel: Петок, 4. август, забава со Dj Branchez & Dj Yuxell

Охрид, 2. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавите на Број 1 подиумот ова лето во Охрид продолжуваат со уште една врвна забава со Dj Branchez & Dj Yuxell во петок, на 4-ти август во клуб Rebel.

Dj Branchez е еден од најпознатите претставници на модерниот house звук во Македонија. Страста за музиката ја започна во 1988 година, кога започна да испорачува свежи house битови во локалните клубови во Скопје. Неговиот стил се карактеризира како мешавина од deep, funky и tribal звуци, додека инспирација бара во музиката на Dimitri from Paris, Danny Tenaglia, Deep Dish, Roger Sanchez, Eric Morillo и други.

Dj Yuxell близу четири децении искуство зад микс пултовите на најдобрите клубови во Охрид, Македонија, но и многу пошироко. Човекот кој важи за врвен музички селектор и едукатор на голем број генерации локални Dj-и. Со истенчен сенс за ритам, вистинска песна во вистинско време, интеракција со публиката и беспрекорна техника. Има и сопствено радио шоу „Colors Of Freedom“ на охридското Супер радио, секој петок од 21:00 до 22:00 часот.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Ова лето, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука