Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Евгениј Поп Ацев и Ивана Неделковска најдобри на Илинденскиот Куп во маратонско пливање во Охрид

Охрид, 2. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во водите на Охридското Езеро денес се одржа традиционалниот мал пливачки маратон, познат како Илиндински Куп.

На патеката во должина од 2,5 милометри од Горица до Охрид, во фото финиш триумфираше истакнатиот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018 во машка и Ивана Неделковска од ПК Скопје во женска конкуренција.

На овој пливачки маратон учество зедоа преку 50 пливачи од Македонија и странство, кои ќе стартуваат во две групи-категории. Во првата група беа пливачи постари од 16 години старост, родени во 2007 година и постари, а во втората група се пливачи од 8 до 15 годишна возраст, односно родени 2008 година и помлади.

Поделени беа признанијата и во младите категории:

Мажи – генерација 2008 и помлади:
1. Петар Цеков – Вардар 2018 Скопје
2. Никола Велковски – Вардар 2018 Скопје
3. Давид Неделкоски – Вардар 2018 Скопје

Жени – генерација 2008 и помлади:
1. Сара Јанковиќ – ПК Скопје
2. Емилија Велкова – ПК Нептун Скопје
3. Неда Миленкоска – МК Младост

Успешен организатор на Илинденскиот Куп беше клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008. (Крај)

извор: gol.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука