Избор Локална самоуправа

Продолжува Фестивалот на водени спортови Ohrid water festival

Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со изложбите за флора и фауна на Охридското Езеро и Потонатото културно историско наследство, синоќа продолжи Фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.

Спортските настани во рамки на оваа нова охридска приказна започнаа во саботата, со пливачки митинг и Меѓународна охридска веслачка регата, вчера се одржаа кајак и кану регата на мирни води и триатлон.

Денес во рамки на програмата се два спортски натпревари – натпревар во едрење Експрес сејлинг трки на 5 и 10 км на отворени води.

Програмата во рамки на деветте фестивалски денови сé до 27-ми август, опфаќа 17 спортски настани, надополнета со голем број социјално-забавни настани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука