Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Наскоро ќе се одржи III меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“

Охрид, 5. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти и 17-ти септември 2023 година, во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а поддржано од ЕФМ и Општина Охрид, ќе се одржи III меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“.

Ќе земат учество клубовите Ј.К. Палиќ, Бродарски клуб Металац Смедерево, Ј.К.Смедерево од Србија, Централен Софиски Јахт клуб од Бугарија, GKZ(ГКЖ) од Полска и Е.К. Снегар и Акватика Јахтинг од Македонија(се чека потврда за учество и од клубови од Црна Гора и Грција).

Ќе се натпреваруваат во класите Оптимист, ILCA 4 и класата 470, а ќе се едри на регатното поле Градско пристаниште-Канео-Горица 1. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука