Забава Избор

SUPER Fresh music: The Rolling Stones – Angry

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната рок група The Rolling Stones триумфално се враќа на музичката сцена и по 18 години го претставува новиот сингл наречен „Angry“.

Покрај песната, бендот го најавува и долгоочекуваниот студиски албум кој ќе се вика „Hackney Diamonds“, а се очекува да излезе на 20-ти октомври.

Mick, Keith и Ronnie на публиката ќе ѝ подарат 12 сосема нови песни, речиси две децении по претходното студиско издание „A Bigger Bang“ од 2005 година. Возбудливиот нов сингл „Angry“ е придружен со видео во режија на Francois Rousselet, а во главната улога е популарната актерка Sydney Sweeney.

Со текот на годините, култниот бенд продолжува да урива рекорди во индустријата и да распродава светски турнеи. На објавувањето на „Blue & Lonesome“ од 2016 година, тие претставија свои верзии на познати блуз нумери кои ги инспирираа да го обликуваат нивниот звук низ годините, за што ја освоија престижната Grammy награда.

По повеќе од 60 години кариера, The Rolling Stones не планираат да застанат, постојано оправдувајќи го својот статус на највлијателниот рок бенд во историјата.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука