Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 22. степени

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Повеќе врнежи се очекуваат во западните, северните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука