Избор Локална самоуправа

ЈП „Нискоградба“ набави багер-натоварувач, ќе се подобри ефикасноста во работата

Охрид, 29. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ЈП „Нискоградба“ од Охрид со сопствени средства набави багер-натоварувач, а денеска компанијата од каде е набавен, во кругот на претпријатието, изврши презентација за можностите.

– Вредноста на багерот е околу 7 милиони денари. За споредба, во минатото за потребите на Јавното претпријатие се ангажираше ваква механизација која чинеше околу 3 милиони денари годишно, што значи дека со средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација за околу 2 години, ние набавивме исти таков багер кој ќе остане во сопственост на ЈП „искоградба“, потенцираше градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, кој присуствуваше на презентацијата.

Со подобрувањето на механизацијата кај ова Јавно претпријатие, значително ќе се подобри и ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука