Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Пајак и Лара по супер успешната „Бела“ и над 24 милиони прегледи на YouTube најавуваат нов сингл

Охрид, 5. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатото македонско дуо млади естрадни артисти Пајак и Лара кои сите многу добро ги знаеме од минатогодишниот „Макфест“ кога се појавија со големиот хит „Бела“ чие видео достигна над 24 милиони прегледи на YouTube, за своите фанови и македонската публика повторно подготвуваат дуетска песна.

Тоа доаѓа некако природно, а и самата публика тоа би го очекувала по минатогодишниот хит кој Пајак и Лара ги крена на едно повисоко ниво, меѓу најголемите ѕвезди на македонската музичка сцена, јави порталот vistina.com.mk.

– Ветуваме дека повторно ќе седнеме во студио и дека ќе направиме уште еден нов македонски хит, најави Лара.

Одличната „Бела“, објавена пред нешто повеќе од 11 месеци, во моментов има над 24 милиони прегледи на YouTube.

Инаку, во последниот период тие двајца често заедно настапуваат низ Македонија. (Крај)

извор: vistina.com.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука