Забава Избор

Калиопи има нов хит, одличната „Кад осване“

Охрид, 11. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси нашата Калиопи.

Новата песна „Кад осване“ која е комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грилл нема никого да остави рамнодушен.

– Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови. Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно… За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване“ ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее. Имаме нов хит, вели Калиопи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука