Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај 29-годишен охриѓанец на улицата „Димитар Влахов“

Охрид, 11. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти октомври 2023 година, во 01:40 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишен охриѓанец кај кого, и во неговото патничко возило „Опел“, била пронајдена и одземена марихуана.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука