Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Сите сме нивни деца“, Отворен ден за грижа за стари лица во Црвен крст Охрид

Охрид, 21. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, од 20-ти до 26-ти ноември, под мотото „Сите сме нивни деца“, во просториите на Црвен крст Охрид денеска се одржа промотивен настан – Отворен ден за грижа за стари лица.

– Волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид ги презентираа активностите и чекорите кои ги презема нашата организација за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот во кој дејствуваме. Покрај презентацијата на активностите за грижа за стари лица, цел на организирањето на овој настан беше и поттикнување на јавниот и институционален интерес и дефинирање на конкретни ангажмани насочени кон подобрување на условите за живот и за дејствување на старите лица, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука