Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Дејан Чолески е нов претседател на Карате федерација на Македонија

Скопје/Охрид, 26. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Дејан Чолески од КК „Чоле“ од Охрид е нов претседател на Карате федерација на Република Македонија.

Чолески беше избран на вонредното Собрание кое се одржа денеска во Скопје, откако пред извесно време Петар Белистојаноски си поднесе оставка. Доби 54 гласа од 58 присутни со право на глас, 4 ливчиња беа неважечки, а беше предложен од 79 клуба, без гласови против.

На Собранието беа донесени и промени во Извршниот одбор. Зоран Ѓоргевски и Наташа Стефановска повеќе не се дел од Извршниот одбор, на нивно место влегуваат претставници на КК „Кизаме“ и КК „Консуто“. (Крај)

извор: ipon.mk фото: ipon.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука