Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид полека „мириса“ на Нова година: Започна новогодишното украсување (Фото)

Охрид, 4 декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утрово започна новогодишното украсување на Охрид за Новогодишните празници.

До овој момент не е објавена програмата и изведувачите што ќе ги забавуваат охриѓани и гостите на Градскиот плоштад за дочекот на највеселата ноќ.

Минатата година за дочекот на Нова година се одржа забава на Градскиот плоштад со Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Dj-ите Багзи и Јана Слеј. Додека гостите се забавуваа на плоштадот или во угостителските објекти, охриѓани во најголем дел Новата година ја пречекаа во домовите со богата трпеза и во кругот на најблиското семејство.

Охрид веќе неколку години наназад го спроведува овој концепт за прослава на новогодишните празници. За тоа потпомогна и Covid-19 кризата, која комплетно го смена начинот на кој се одбележуваат овие празници во најголемиот туристички центар во Република Македонија. Последен организиран концепт кој беше одлично прифатен од охриѓани и гостите беше проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ кој беше за прв пат имплементиран во 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука