Забава Избор

SUPER Fresh music: Willy William – Life Is Life

Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На познатиот француски уметник, Willy William, не му треба посебна најава, бидејќи неговите успеси се потврдени од милијарди стримови на најпопуларните музички платформи ширум светот.

По успехот на „Trompeta“, тој ни ја подарува обработката на светскиот хит од 80-тите „Life Is Life“ на групата Opus, песна на која тој стави свој препознатлив белег.

Willy William на големата класика и’ дава нова поп-изведба, додавајќи француски текст и реге атмосфера. Обработка која го подигнува духот, онака како што овој талентиран уметникзнае и може да го направи тоа.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука