Избор Култура

Предновогодишен книжевен базар на Здружението „Креативна верига“ од Охрид

Охрид, 19. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ од Охрид организира предновогодишен книжевен базар.

– Базарот е замислен како неформално дружење на автори и читатели, во кое ќе имате можност да ги слушнете авторите како ги доживуваат своите дела и да си купите книга. Изданијата на „Креативна верига“: стрипот за деца „Бестрашниот“, сликовницата боенка „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“, новелата за деца „Во душата на немиот свет“, стихозбирката „За блудниот син За блудната ќерка“ и збирката раскази „Интимно со пандемијата“, ќе можат да се купат со попуст од 50%. Дел од авторите што ќе учествуваат на настанот се: Славе Ѓорго Димоски, Лидија Стефановска, Мирко Томовски, Марина Димоска, Јордан Коцевски и други, велат од „Креативна верига“.

Предновогодишниот книжевен базар ќе се одржи во четврток, 21-ви декември во кафе-бар „Шила“ од 17:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука