Забава Избор

Бројни градови во регионот го откажаа огнометот за Нова година, средствата ги донираат за заштита на животните

Охрид, 20. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Загреб, Сараево, Белград, Ниш, Нови Сад, Рим, Варшава… се само дел од градовите кои го откажаа огнометот за Нова година, а средствата ќе ги донираат на Здруженијата за заштита на животните.

– Сметам дека тоа е добра идеја и свесен сум колку огнометот прави силни звуци и колку тоа ги вознемирува и плаши животните. Сите кои имаат миленичиња, добро знаат низ што тие поминуваат. Oва е добар симбoличен потег и затоа се приклучуваме на иницијативата, истакна првиот човек на Белград Александар Шапиќ.

На социјалните мрежи поддршката на иницијативата ја објави и градоначалничката на Сараево Бенјамина Кариќ.

– Се приклучуваме на големиот број градови кои донесоа иста одлука како Рим, Загреб, Хелсинки, Варшава и други, напиша таа.

Убава иницијатива и секако вреди да се размисли за примена и на овие простори. Охрид е во најубавиот период од годината, да уживаме сите заедно во него. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука