Забава Избор

Горан Папаз ја завршува успешната 2023 година со настапи во Франкфурт, Германија

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот македонски саксофонист со потекло од Охрид Горан Папаз ја завршува успешната 2023 година со настапи во Франкфурт, Германија.

– За Нова Година ќе настапувам во Франкфурт, во еден од најпознатите локали „Platz im Herzen“, каде изминатите неколку месеци настапувам редовно, информираат од тимот на Папаз.

На барање на публиката, тој ќе има три последователни настапи, на 29-ти, 30-ти и на 31-ви декември, кога ќе ја затвори оваа успешна година со последното шоу во Франкфурт.

– Следната година Папаз веќе има договорено неколку настапи надвор од државата и се надеваме дека 2024 ќе биде исто успешна како и оваа година. Имајте среќни празници, порачуваат од тимот на музичарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука