Забава Избор

„Дај на сунце“, нова песна на Каролина Гочева

Охрид, 26. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Дај на сунце“ е новата песна на Каролина Гочева, испеана на српски јазик.

Автор на песната е Дино Мухаремовиќ, човекот кој потпишува неколку познати песни, како „Додирни ме случајно“ од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.

Песната е снимена во Сараево во октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Да се надеваме дека наскоро ќе добиеме и македонска верзија на новата песна од македонското девојче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука