Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Љупчо Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Скопје, 28. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски си поднесе оставка од функцијата.

Тој преку својот профил на Фејсбук се заблагодари на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката.

– Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред, напиша Јаневски.

Функцијата директор во АППТ Љупчо Јаневски ја извршуваше од февруари 2018 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука