Забава Избор

ВО ЖИВО: Следете како се прославува доаѓањето на Новата година ширум светот (Видео)

Охрид, 31. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Каналот Sky News во текот на целиот ден во живо го следи доаѓањето на новата 2024 година ширум светот.

Жителите на островот Кирибати во Тихиот океан, во 11:00 часот по наше време, веќе влегоа во Новата година, а еден час по нив, Новата година пристигна во Нов Зеланд. Во Окленд беше организиран огномет од Sky Tower, највисоката зграда во земјата.

Во 14:00 часот по наше време, во Сиднеј се одржа прекрасен огномет во чест на новогодишната ноќ.

Нека ни биде среќна и успешна на сите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Sky News

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука