Забава Избор

SUPER Fresh music: Anitta – Yoga Pra Lua

Охрид, 8. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бразилската пејачка Anitta го претстави новиот сингл „Yoga Pra Lua“, песна која го носи жешкиот звук на бразилскиот фанк во комбинација со електронска музика која веднаш ве тера да танцувате.

– Навистина се посветив на фанк музиката, па годината ја завршив со песна која многу ми значи. Рефренот ми е во главата со месеци. Толку е предизвикувачки и летен, што веднаш ме тера да сакам да танцувам, вели таа.

На музичката сцена таа се појави пред шест години, а денес важи за еден од водечките изведувачи на латино-американската музика од новата генерација.

На публиката годинава таа и’ го подари изданието „Funk Generation: A Favela Love Story“ со три песни кои го носат звукот на карактеристичниот бразилски фанк.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука