Забава Избор

Дамјан Пејчиновски објави дел од датумите за настапите од неговата турнеја во САД

Охрид, 22. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарист со светска слава Дамјан Пејчиновски објави дел од датумите за настапите од неговата турнеја во САД.

– На 26-ти и 27-ми јануари тој настапува во Лос Анџелес со Namm Show во Meyer Sound Westin Stage и Xvive Booth, а на 28-ми јануари ќе биде гостин во Alvas Showroom, информираат од тимот на Дамјан.

Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има сериозни музички таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски. Во декември 2016 година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB Damjan Pejcinoski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука