Забава Избор

Четкар по распродадениот концерт во Кливленд, Охајо: Беше тоа ноќ за паметење

Охрид, 18. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски гитарист Владимир Василески- Четкар, по концертите во Јужна Кореја, Македонија и Унгарија, замина на турнеја во САД каде се најавени концерти во Њујорк, Кливленд, Чикаго, Колумбус, Сан Франциско и Детроит.

Тој повторно се претставува со авторска музика, а е придружуван од американски, јапонски и мексикански музичари.

– Прекрасни моменти од мојот распородаден концерт во Кливленд, Охајо. Беше тоа ноќ за паметење, порача Четкар.

Според најавите на неговите профили на социјалните мрежи, Четкар работи и на нов материјал, во кој повторно една од главните теми е неговиот омилен Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука