Забава Избор

Dj Erik Fox ја објави „Kажу да време лечи све“, последната песна која ја отпеа Тоше Проески, „оживеана“ со помош на AI технологија (Видео)

Скопје, 25. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Kажу да време лечи све“ е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

– Но, со помош на новата AI технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа, токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител , диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како (Dj Erik Fox). Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се’ со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени. Првата демо снимка е направена во септември 2004 година во моето домашно студио, информира Dj Erik Fox.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Зарлинов. Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев од студио „Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките Grammy награди за најдобар микс инженер.

– Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната: Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше, вели Кирил.

За спотот се погрижи екипата на „Студио 351“ од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука