Забава Избор

SUPER Fresh music: David Kushner – Skin and Bones

Охрид, 29. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – По неверојатниот успех на претходните синглови „Daylight“ и „Dead Man“, инди фолк музичарот David Kushner ја започнува новата година со ново издание – песната „Skin and Bones“.

Со истата, тој ги носи слушателите на возбудливо музичко патување со емотивни текстови и привлечна мелодија во комбинација со неговиот препознатлив вокал.

– Синглот ја доловува магнетната напнатост помеѓу желбата и искупувањето, истражувајќи ја фината линија на екстаза наспроти спасението во двојноста на љубовта, вели Kushner.

По потекло од предградијата на Чикаго, надежниот уметник и се претстави на светската публика во 2022 година со сингловите „Miserable Man“ и „Mr. Forgettable“, кој се појави на неговото деби EP „Footprints I Found“.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука