Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнаа уписите за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“

Охрид, 29. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „Полетарче“, преку која деца на возраст од 3 до 5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини.

– Истите се важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно, информираат од Црвен крст Охрид.

Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др.

Пролетниот циклус од програмата трае 3 месеци со изведување на вкупно 12 часови, по еден час седмично, во траење од 45 минути.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046/261-909 или 072/246-175, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од 1. февруари 2024 година, секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за програмата „Полетарче“ кој ќе се реализира во сабота на 3-ти февруари 2024 година, од 13:00 до 15:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука