Забава Избор

Лепа Брена на Sanremo: Златан Ибрахимовиќ излезе на сцената во ритамот на хитот „Луда за тобом“

Охрид, 7. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Златан Ибрахимовиќ повторно имаше вистинско шоу, во негов стил, на првата вечер на фестивалот Санремо.

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Интер и Милан беше еден од почесните, ненајавени гости на првата вечер на еден од најважните музички фестивали во светот.

Познатиот Швеѓанец ѝ се претстави на публиката, а на сцената го следеше оркестар кој свиреше внимателно избрана песна.

Имено, Ибрахимовиќ се качи на сцената во придружба на хитот на Лепа Брена „Луда за тобом“ , а публиката воодушевено му ракоплескаше.

Ибрахимовиќ се враќа во Санремо по три години. Имено, овој одличен фудбалер и голема ѕвезда се согласи да биде ко-водител на музичкиот фестивал во Санремо во 2021 година кога неговото доаѓање на сцена исто така беше вистинско шоу. Тогаш пристигна на сцената со стариот хит на Нада Топчагиќ „Утро е“, кој своевремено го искористи за да ја прослави победата на Милан, а Неда тогаш изјави дека тоа е круна на нејзината кариера и се фотографираше со неговиот дрес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука