Избор Свет

Во јуни ќе се појават фунтите со ликот на кралот Чарлс

Лондон, 22. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Банкнотите со ликот на кралот Чарлс III ќе стапат во оптек од 5. јуни, објави Банката на Англија (БОЕ), која го покажа својот дизајн пред повеќе од една година.

Портретот на кралот ќе се појави на банкноти од 5, 10, 20 и 50 фунти и ќе циркулира заедно со постоечките со кралицата Елизабета, објави Ројтерс, пренесува Ало.рс.

Новите банкноти со ликот на кралот Чарлс ќе ги заменат истрошените и ќе ја задоволат зголемената побарувачка за британски банкноти. Банката нагласи дека сѐ е направено во договор со кралското семејство и дека ќе се земе предвид влијанието врз животната средина. Тоа значи дека новите банкноти со ликот на 75-годишниот монарх, кој е познат по своите еколошки активности, ќе стапат во оптек „многу постепено“, додаваат од Банката на Англија. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука