Забава Избор

„Молим Бога да сване“, нов сингл за старите мајстори Прљаво казалиште

Охрид, 27. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – По успешните синглови „Старе навике“ и „Макни се“, легендарниот бенд Прљаво казалиште на своите верни слушатели им го подарува третиот по ред „Молим Бога да сване“.

Музичката магија ја потпишува талентираниот Јасенко Хоура, додека текстот е дело на Хоура и Инес Прајо.

Продукцијата е на маестро Федор Боиќ, кој е одговорен и за аранжманот, додека видеото го режираше Радислав Јованов Гонзо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука