Забава Избор

SUPER Fresh music: Dj Fisher feat Chris Lake, Gotye, Sante Sansone & Kimbra – Somebody (2024)

Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот Dj Fisher го претстави синглот „Somebody (2024)“, заедно со познатиот продуцент Chris Lake.

Песната всушност освежена верзија на познатиот хит „Somebody That I Used to Know“ во изведба на Gotye и Kimbra, класика која доби нов звук, совршен за подиумот за танцување. „Somebody That I Used to Know“, песна од 2011 година која живее и денес, има осум милијарди слушања на музичките платформи и се смета за еден од најголемите хитови на претходната деценија.

Покрај веќе познатите имиња на EDM сцената кои исто така беа номинирани за престижни Grammy награди, на песната се придружи и Sante Sansone, кој е исклучително ценет во Италија и низ Европа благодарение на неговата автентичност и новиот звук што го носи на музичката сцена.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука