Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските боксери од клубот „Алексо Огненовски“ викендов ќе се натпреваруваат на „Арена куп 2024“

Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридски боксери од клубот „Алексо Огненовски“ викендов ќе учествуваат на второто издание на Меѓународниот боксерски турнир „Арена куп 2024“ што ќе се одржи на 2. март во Скопје, во организација Боксерскиот клуб „Чаир“.

Пријавени се 56 боксери од 14 клубови од Република Македонија, а борбите ќе се одржат во спортската сала „Борис Трајковски“ со почеток во 14:00 часот.

– На „Арена куп“ се пријавени боксери од клубовите: „Синди“, „Шкендија но лимит“, „10-60“, „Штип“, „фамилија Демирови“, „Алексо Огненовски“, „Пелистерски Јунак“, „Пинк пантер тим“, „Аперкат“, „АС“, „Куманово 84“, „Илинден“, „Чаир“ и „Шкупи“, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес/ipon.mk фото: ipon.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука