Забава Избор

Вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ овој четврток концертно во Куманово

Куманово, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Биља Крстиќ и десет исклучителни женски вокали, овој четврток, на 7-ми март 2024 година, со почеток во 19:00 часот, во Занаетчиски дом во Куманово ќе одржат целовечерен концерт.

Настанот е во чест на отворањето на канцеларијата на српскиот културно-информативен центар „Спона“ во Куманово, откако канцеларијата во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година.

Вокалната работилница на Биља Крстиќ „Бистрик“ веќе 12 години успешно работи со млади талентирани пејачи.

– Дизајнирана е уметнички да ја популаризира традиционалната музичка култура на Србија и да им даде можност на талентираните пејачи да се заљубат, да учат и да го пренесат своето знаење на идните генерации. Негуваме музика, традиција, добра атмосфера, дружење, емпатија и тимска работа со младите пејачи. Нашата работилница нуди богата концертна активност, гостувања на престижни натпревари и фестивали, учество во телевизиски емисии, музички спотови и е препознатлива по стилот, прецизната интерпретација како и специјално креираните костуми, вели Биља за работилницата.

Биља Крстиќ, музички педагог и долгогодишен вокален солист на оркестарот „Бистрик“, долги години беше уредник во Радио Белград, а на музичката сцена е од 70-тите години на 20 век, најпрвин во бендовите „Сунцокрет“ и „Рани мраз“, а подоцна и како некој кој успешно гради соло кариера. Многупати е наградувана за нејзината работа, а во биографијата на Биље Крстиќ е и музиката што ја компонираше за филмот „Зона Замфирова“.

Сега е актуелна со музиката од филмот „Хероите на Халиард“ во режија на Радош Бајиќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука