Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Анкета на Fakulteti.mk: 77,7% од Македонците би се иселиле од татковината!

Скопје. 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Интернет порталот fakulteti.mk објави резултати од анкета кои носат поразителни бројки за ставот на македонските граѓани кон евентуалното напуштање на државата.

– На прашањето дали и вие би ја напуштиле Македонија, добивме одговор кој слободно можеме да кажеме дека е поразителен. Неверојатни 77,7 отсто од испитаниците би се иселиле од татковината, додека 22,3 отсто би си останале дома, стои во објавата.

Околу причините за иселувањето од државата, се наведуваат митото, корупцијата, политизираноста на општеството, незадоволството од образованието, здравството, законодавството, загаденоста и нормално, финансиите. Често во одговорите наведуваат дека се чувствуваат деградирани и немоќни во сопствената татковина, но и дека државата свесно ги брка младите.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: fakulteti.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука