Забава Избор

Наташа Миха ја сними „Инферно“, песна во нејзин препознатлив стил

Охрид, 6. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По една година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се врати на музичката сцена со нова песна „Инферно“, која е во нејзин препознатлив стил и вокален наратив.

– Оние кои веќе ме познаваат, знаат дека сакам да си играм и експериментирам со жанрови. Тоа е мојот печат. Кога бев дете, слушав различни стилови на песни. Подоцна, во тинејџерските денови, иако ја изучував класичната музика, топ листите на MTV Music и VH1 беа мојата музичка лектира, вели Наташа.

Додава дека на овие канали „се навлекла“ на поп, рок и електронска музика, и од тоа време во себе носи песни и албуми на артисти кои се длабоко врежани во нејзиното битие и рефлектираат во она што таа е денес.

– Па така, „Инферно“ е еден убав сублимат на сè што сум, потенцира Наташа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука