Избор

Охриѓанка пријавила дека женско лице плаќало во нејзиниот дуќан со лажни 100 евра

Охрид, 6. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти март 2024 година, во 11:20 часот во СВР Охрид, сопственичка на продажен објект во Охрид пријавила дека претходниот ден, едно женско лице за купените производи платило со банкнота од 100 евра.

– Како што е пријавено, откако отишла да ја размени банкнотата во менувачница и било кажано дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука