Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Пречестото туширање е штетно за кожата

Њујорк, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пречестото туширање е штетно за кожата на луѓето, предупредуваат врвни дерматолози од Њујорк.

Туширањето неколку пати на ден е културен феномен, во голема мера под влијание на рекламите за сапуни и гелови за туширање. Тоа, секако ја зголемува свеста за хигиената на населението, но има и негативни последици, велат експертите, според кои прекумерното капење и сушење на кожата, предизвикува иритации и ги уништува корисните бактерии, а го зголемува ризикот од инфекции.

Друга лоша навика на луѓето е да се капат со многу топла вода. Водата за туширање треба да биде млака.

Научниците советуваат дека најдобро е да се тушира на секој втор ден или, доколку нема зголемена физичка активност, на секој трет ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука