Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Два инциденти во охридски автокамп, пожар и агресивно однесување кон полициски службеници

Охрид, 25. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи две информации за настани случени во автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро.

На 24-ти март 2024 година, во 15:50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во близина на автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, се случил пожар на површина со нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Во друг случај, На 24-ти март 2024 година, во 17:05 часот, во автокамп лоциран на брегот на Охридското Езеро, лишен е од слобода 69-годишен охриѓанец кој, претходно бил агресивен кон полициски службеници, кои тука преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена сооветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука