Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за 27-годишен охриѓанец кој со запаллива течност предизвикал пожар на возило „Дачија дастер“ на Шумската полиција

Охрид, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– Тој, на 17-ти февруари 2024 година, на улицата „Серафим Китаноски“ во Охрид, со запаллива течност предизвикал пожар на паркирано патничко моторно возило марка „Дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Шумска полиција – Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука