Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Помалку месо, помалку срцеви болести

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Намалувањето на употребата на месо може да биде клуч за долг живот.Прехранбениот режим, богат претежно со овошје и зеленчук, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и мозочен удар. Ова е заклучокот на новото истражување, кое ги анализира навиките и начинот на живот на повеќе од 450.000 жители на Европа.Оние кои ја почитуваат полувегетарианската диета, во која 70 отсто од храната е растителна, имаат за 20% помал ризик од срцеви проблеми.Во истражувањето биле вклучени речиси половина милион луѓе од 10 различни земји. Никој од нив не страдал од болест на почетокот на истражувањето и сите биле на возраст меѓу 35 и 70 години.Наодите покажале јасни придобивки од консумирањето на растителни производи, како начин за спречување на срцеви заболувања. Се препорачува 70% од прехраната да вклучува овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки, ореви, нискомаслени млечни производи, месо без кожа, главно пилешко, и риба. (Крај)извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука