Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Енергична физичка активност за долговечност

Сиднеј, 9. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Енергичната физичка активност е подобра за долговечноста отколку умерените физички вежби, покажува истражувањето спроведено во Австралија меѓу луѓето на средна и во напредната возраст.

Научниците проследиле 204.542 лица над 45 години во текот на 6 години. Тие биле распоредени во 3 групи, каде едната група имала поопуштен начин на живот, втората група спроведувала умерена физичка активност како пливање и тренирање и третата група со спортови како аеробик или тенис.

Научниците откриле дека последната група го намалува ризикот од предвремена смрт за 13% во однос на оние кои водат седентарен живот. Кај луѓето со умерена физичка активност, овој процент е 9. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука