Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Спанаќ, чоколадо и банани за избалансирана работа на мозокот

Лондон, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познато е дека некои видови храна содржат соединенија за кои е утврдено дека имаат ефект врз нашето расположение.

Два вида на невротрансмитери во човечкиот мозок, се одговорни за нашето расположение: инхибиторни и стимулирачки. Стимулативните невротрансмитери како норадреналин ги стимулираат нашите тела и умот. Инхибиторните невротрансмитери како серотонин имаат смирувачко влијание врз нашиот ум.

Најдобро расположение има кога има рамнотежа меѓу овие два вида.

Во храната кои помага во производството на серотонин, спаѓа спанаќ, чоколадо и банани. Спанаќот содржи високи концентрации на фолна киселина, B-витамини кои се користат во процесот на создавање на серотонин. Во бананите има триптофан, аминокиселина која се претвора во серотонин во мозокот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука