Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Шест охридски боксери денеска ќе ги бранат боите на градот во спомен на Алексо Огненовски на Опен Балкан куп

Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шест охридски боксери ќе ги бранат боите на градот и клубот „Алексо Огненовски“ на Опен Балкан куп.

На овој спортски настан, кој се одржува во спомен на охридскиот боксер Алексо Огненовски, ќе настапат членовите на клубот кој го носи неговото име: Михаил Аврамоски и Петар Трајчески во категоријата кадети, Христијан Стојаноски и Димитар Ѓорески во категоријата јуниори, Наум Стојаноски во категоријата младинци и Енис Алиу во сениорска категорија.

Боксерскиот куп Опен Балкан е под покровителство на Боксерскиот сајуз на Србија и Општина Охрид, а ќе се одржи во центарот на градот, на потегот пред хотелот „Палас“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука