Забава Избор

SUPER Fresh Music: Sting – I Wrote Your Name (Upon My Heart)

Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Sting, добитникот на 17 Grammy награди го објави новиот сингл „I Wrote Your Name (Upon My Heart)“, првата сосема нова песна за него по „The Bridge“ од 2021 година.

Со фантастичните инструментални придонеси на тричлениот рок бенд составен од Dominic Miller, Chris Maas и Martin Kierszenbaum, музичарите заедно го носат звукот на вистински old school рокенрол.

Вокалот на Sting пристигнува во малку погруба варијанта, која фантастично се вклопува во динамиката на песната, која неодоливо потсетува на рок-музичките класици.

Песната ја најавува претстојната турнеја во Северна Америка, која започна на 17-ти септември, со концерт во Детроит.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука