Забава Избор

Микс од gypsy jazz, етно, класика на концертот на Дамјан Пејчиноски Трио во Скопје

Охрид, 27. октомври 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со настапот на Дамјан Пејчиноски Трио на 10-ти ноември, во Скопје, за кој предходно информираше Супер радио, музичарите открија уште неколку детали за концертот.

На концертот ќе бидат изведувани различни музички стилови. Како што најавуваат Дамјан и неговите музички колеги, кои ќе го придружуваат на концертот, Горан и Стефан, на репертоарот ќе бидат gypsy jazz нумери, стандарден jazz, македонски етно теми, класична музика и инструментален електричен дел на избор на музика.

Настапуваат: Дамјан Пејчиновски – гитара, Горан Гешовски – бас и Стефан Миладинов – гитара. Концертот ќе биде со почеток во 21 часот во Кино Фросина – Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука