Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Пет најдобри вежби за здравје на срцето

Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кардиовскуларните болести се водечка причина за смртност ширум светот, а лошата исхрана и нездравите навики како што се пушењето и прекумерното консумирање алкохол често се главните виновници за развојот на овие болести.

Сепак, фактот дека секојдневните одлуки влијаат на срцевите заболувања значи дека имаме поголема контрола над нив отколку што мислиме. Истражувањата покажуваат дека 90 проценти од кардиоваскуларните болести може да се спречат, делумно преку редовно вежбање.

– Вежбањето навистина е најдобриот лек за спречување на срцеви заболувања. Јасно е дека вежбањето помага да се задржи вашето срце здраво, но кои вежби се најдобри? Врз основа на вашето здравје, фитнес и фактори на ризик, вежбањето може да биде и дневна прошетка до 30 минути, некоја умерена физичка активност пет дена во неделата, вели д-р Suzanne Steinbaum.

Според истражувањата, ова се некои од најдобрите вежби за здравје на срцето.

Прошетка

Кратка прошетка е едноставна, докажана активност која може да го подобри здравјето на срцето и да го намали ризикот од смрт за 50 проценти. Размислете и за побрзо одење, додека активно ги вклучувате рацете за целосен тренинг на телото.

Возење велосипед

Возењето велосипед прави чуда за срцето. Истражувањата покажуваат дека редовното возење велосипед е толку корисно за кардиоваскуларниот систем што може да го намали ризикот од смрт од срцеви заболувања за неверојатни 35 проценти.

Кревање тегови

Познат и како тренинг со отпор, кревањето тегови ја зголемува мускулната маса, што го намалува притисокот врз артериите и ризикот од срцеви заболувања. Покрај тоа, овие резултати може да се постигнат без оглед на другите вежби.

Скокање со јаже

Можеби изгледа како детска игра, но се покажа дека скокањето со јаже е многу корисно за подобрување на работата на срцето и може да биде исто толку (ако не и повеќе) корисно за срцето во споредба со трчањето.

Јога

Јогата можеби не е првата вежба што ни паѓа на ум кога размислуваме за здравјето на срцето, но јогата е одличен ослободувач од стресот, што значи дека го намалува крвниот притисок, холестеролот и општите воспаленија на телото. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

    @OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука