Спорт

Познати полуфиналните двојки во ЕФЛ Лига купот

Лондон, 1. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер јунајтед и Ливерпул го избегнаа полуфиналниот дуел во англискиот ЕФЛ Лига-куп, при излекувањето на полуфиналните двојки во ждрепката што се одржа синоќа по завршувањето на последните две четвртфинални пресметки.

„Црвените ѓаволи“ ќе играат против Хал, додека Ливерпул за место во големото финале ќе се бори со Саутемптон, откако „светците“ синоќа победија на гостувањето против Арсенал со 0-2.

Полуфиналните дуели од лига-купот на Англија ќе се играат на 10/11 јануари, а реваншите ќе се играат на 24/25 истиот месец. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука