Избор Хроника

Рибокрадци фатени на плажата пред хотел „Белви“

Охрид, 1. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 19:30 часот во водите на Охридското Езеро, на плажата кај хотел „Белви“, полициски службеници при излегување од водата во чамец ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц.

Лицата се приведени во Полициска станица и од истите, со потврда за привремено одземени предмети, одземени се 117 парчиња риба-белвица со вкупна тежина од 12 килограми, 5 рибарски мрежи и 1 метален чамец. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука