Култура

Охридски уметници со изложба во Мала Станица – Скопје

Скопје/Охрид, 1. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер во галеријата Мала станица ќе отвори групна изложба „Конекција 2”, на ликовни дела на автори од неколку градови на Македонија и од различни ликовни области – графика, сликарство, вајарство, плакат и фотографија.

Ќе бидат претставени делата на Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, Горан Тричковски и Јовица Миленов од Делчево, Марјан Ѕин од Струмица, Перица Георгиев, Слободан Милошески и Јана Луловска од Скопје и на Иво Пецов и Маријана Иванова од Виница.

Авторите од „Конекција 2” живеат, работат или студираат во Софија, а со оваа изложба се претставуват пред домашната публика за да ги зацврстат и продлабичат своите контакти со колегите и публиката во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука